WP7 апликацијата низ бројки

4 април, 20110
wp7_12

Помина година дена откако програмерите се сретнаа со новата платформа на Мајкрософт за мобилни уреди. Компанијата сметаше дека тоа е вистинско време за да се покажат резултатите кои ги оствари Windows Phone 7. Што се однесува до бројот на апликации за сега изнесуваат 11.500, малку во споредба со други платформи. Но, од Мајкросфот не сметаат така, па во своето соопштение и официјална изјава, кажале што сметаат за апликација, како и кои влегуваат во оваа бројка. “Од кога ја најавивме платформата, пред година дена, ние се фокусираме само на квалитетот на апликацијата на пазарот“, изјавиле од компанијата. Останатите бројки говорат дека, WP7 toolkit е превземен милион и пол пати, дека постојат 36 илјади програмери, 12 е бројката на апликации кои просечен корисник ги превзема месечно, 1,8 дена е потребно да се одобри апликација која ја пријавиле програмерите, а 44% од апликациите кои се плаѓаат нудат свои бесплатни пробни верзии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *