Ѓоковиќ го освои и Мајами

4 април, 20110
1

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ го освои и четвртиот турнир во 2011. година. Ѓоковиќ со 2:1 (4:6, 6:3, 7:6 (7:4)) го совлада првиот носител на турнирот во Мајами, Рафаел Надал и така со 24. победа во низа ја продолжи фантастичната серија.

Долго ќе се памети до сега најдобриот меч годинава во кој Новак за нијанса беше подобоар од Надал.

Ова е 24. победа во низа за Ѓоковиќ, ако не се сметаат оние од Дејвис Купот и од Богота (против Надал) и четврта титула годинава.

Србинот докажа дека е крал на тврди подлоги, дека е во најдобра форма на планетата.

Тенискиот “караван” се сели на песочните терени во Европа каде Надал и понатаму доминира, па ќе биде интересно да се види дали Ѓоковиќ може да го задржи ваквото ниво на игра и на подлогата која помалку му одговара.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi