Арсенал му нуди на Ван Перси побогат договор

19 мај, 20110
Robin-van-Persie

Во Арсенал се подготвени на својот најдобар напаѓач оваа сезона да му понудат побогат договор. Така на 27-годишниот холандски репрезентативец би требало да му биде понуден продолжување на договрот со што би бил најплатен играч во клубот заедно со Цеск Фабрегас. Актуелниот договор на Ван Перси важи до 2012-та година, а според него неделно заработува 70 илјади фунти. Според новиот ќе заработува 90 илјади колку што заработува и Фабрегас. Ван Перси оваа сезона е најдобриот стрелец на тимот од Лондон и постигна 17 погодоци на 24 премиерлигашки натпревари, како и 21 гол во сите натпреварувања. Според пишувањата на “Сан” , холанѓанецот е среќен во редовите на Арсенал и сигурно би го прифатил новиот договор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi