Исфрлена од воз поради гласно и шестнаесет часовно разговарање на мобилен телефон
19 мај, 20110
Слушањето телефонски разговор на некој странец, додека сте заглавени во автобус или воз, може да се смести во работите кои најмногу можат да го извадат човек од кожа. Па така една жена од Орегон, која ја исфрлија од воз, бидејќи зборувала 16 часа на мобилен телефон, стигна до националните вести во САД.
Полиција во САД, принудена била да ја исфрли една жена од возот, бидејќи патниците се жалеле дека таа прегласно разговарала на мобилен телефон.
Како што пренесува AFP, инцидентот се случил во возот кој одел на релација Лос Анџелес-Сиетл.