Астероид ќе помине денеска покрај Земјата

27 јуни, 20110
asteroid-flying-by-Earth1-610x341 copy
Астероидот 2011 МД, со димензии од осум до 18 метри денеска ќе помине покрај Земјата, соопшти НАСА.
Астероидот 2011 МД ќе помине толку блиску до Земјата што жителите на јужната хемисфера ќе можат да го видат со помош на телескоп. Научниците што работат во рамки на програмата ЛИНЕАР го забележаа астероидот, како што пренесува “Дискавери њуз“, од базата во Њу Мексико.
2011 МД ќе помине на 12.000 км од Земјата, што е 32 пати поблиску од Месечината.
“Сигурни сме дека ќе не’ одмине, но и ако влезе во атмосферата, астероид со таа големина ќе изгори и ќе се претвори во величествен огномет и, веројатно, ќе се распадне на неколку метеорити“, изјавил експертот за астероиди, Емили Болдвин за “Скајманија њуз“.
Астероидот би требало да биде најблиску до Земјата денеска околу 13.30 часот, некаде над Атлантикот.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *