Астероидот наречен 2011MD ќе помине покрај земјата во понеделник, така што жителите на јужната хемисфера ќе може да го набљудуваат со телескоп.
Научниците кои што работат во рамките на на програмата за линеарни астероиди, тоа го забележале , според Дискавери, од база во Ново Мексико. Астероидот ќе помине на 12.000 километри од Земјата, што е 32 пати поблиску од месечината.
– Ние сме убедени дека тој ќе го пропушти, но ако тој влегува во атмосферата, астероид со оваа големина ќе изгори и се претвори во прекрасен огномет и голема е веројатноста да распадне во неколку меториди, изјавил еден од експертите.
Астероидот треба да биде најблиску до Земјата во понеделникот во 13:30 часот, а некаде над Атлантикот. И, дури и астрономите аматери од Австралија и Нов Зеланд ќе можат да го видат кога е најблиску до нашата планета.