Марина Брозовиќ од НАСА изјавила дека нема простор за паника, поради тоа што астероидот ќе помине покрај Земјата.
„Го знаеме неговиот пат за наредните 100 години“, објаснила таа.
Астероидот треба да помине покрај Земјата во текот на денешниот ден. Астероидот 2005 YU55, широк е околу 400 метри, ќе се најде приближно 324.600 километри од Земјата во орбитата на Месечината.
Последен пат ваков астероид поминал покрај Земјата во 1976 година, а следен пат би требало да помине дури во 2028 година.
httpv://www.youtube.com/watch?v=kepP300LfyE
httpv://www.youtube.com/watch?v=Jo5Ah-Lh6us