Астрономи ќе објават ново откритие за сонцето

14 јуни, 20110
0684007.48

Денес на вонредна седница, (по локално време во 19,00 часот), американски астрономи ќе објават сознанија и информации поврзани со нашата најголема ѕвезда Сонцето.

Страницата space.com објавува дека поточно ќе стане збор за сончевите пеги и појавите во фотосферата на Сонцето. Пегите настануваат поради јаки магнетни активности на сонцето (пренесување на магнетното поле) со силно струење и создаваат места на Сонцето со пониска температура.

Температурата на сончевите пеги изнесува 3000 – 4500К што на сонцето изгледаат потемни и наликуваат на пеги. Иако изгледаат мали на површината на сонцето тие можат да достигнат широчина и до 48,000 км.

На сликата (во прилог погоре), НАСА ја има поставено Земјата за да може да се направи споредба колкави се пегите во однос на нашата планета.

Сончевите пеги се интересни за астрономите бидејќи тие ги покажуваат сончевите активности.

httpv://www.youtube.com/watch?v=vsULoSebWnE&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi