Следејќи го примерот за геј гробишта во Данска, сега и во Атланта се планираат исти такви. Хомосексуалните двојки и нивните семјества кои сакаат да ја поминат својата вечност заедно ќе добојат шанса со правењето на геј гробишта во Атланта. Џон Сагс од “Достоинствен спомен“ сопственик на гробиштата, изјавил дека постоењето на геј гробиштата е природна прогресија, бидејќи геј луѓето се се повеќе прифатени во општеството. “Мислам дека ова е добра идеја, бидејќи се работи за чуство на заедништво, врска и затоа што е традиција“, изјавил Сагс кој всушност е геј.