Експерти ќе ја решаваат мистеријата за насмевката на Мона Лиза

6 април, 20110
mona-lisa
Група експерти, кон крајот на месецов ќе започнат ископување во Фиренца, на местото каде некогаш се наоѓал манастир, а за каде се верува дека е закопана Лиза Џерардини, познатата “Мона Лиза“.
Група истражувачи на историската уметност ќе ги есхумираат остатоците на жената, за која се верува дека е моделот на Леонардо да Винчи за сликата “Мона Лиза“. Од посмртните останки на жената ќе се земе ДНК и експертите ќе се обидат да го реконстуираат нејзиното лице. Екипата ќе ја предводи професорот Силвиано Винчети, кого го нарекуваат современиот Индијана Џонс.
Во текот на годините по смртта на Леонардо да Винчи, луѓето започнале да си го поставуваат прашањето за тоа која е всушност жената на сликата која е насликана од да Винчи. Освен за сопруга на трговец, Лиза Џерардини се смета за женскиот облик на познатата слика. Некои пак тврдат дека на сликата е насликан самиот да Винчи.
При задавањето на прашањето зошто Лиза се насмевнува ладно и како можела да стои неподвижна и насмевната толку многу време, историчарите и толкувачите сметаат дека оваа “жена“ всушност имала болест која не дозволувала мускулите на лицето да се отпуштат или пак според некои француски и канадски истражувачи, всушност Мона Лиза била бремена за време на нејзиното цртање.
Најголем предизвик за набљудувачите е нејзината насмевка. Силното изразено лице е практично оформено со други многу поразлични и потемни елементи . Привлекувањето на лицето на Мона Лиза е од најголем размер. Затоа, композицијата на сликата предизвикува двосмислен ефект – ние сме привлечени кон оваа жена, но треба да останаме на растојание од неа.
Во 1852 година, Лук Масперо, француски актер, скокнал од четврти кат од неговата хотелска соба во Париз. Во неговата порака објаснил дека се одлучил за убиство после неколку години обидувајќи се да ја реши мистеријата за насмевката на Мона Лиза.
Денес, посетителите на музејот Лувр во Париз се прашуваат едно: “Како се смее ?“
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber