Шпанија: Си ја убил трудната девојка па му ја покажал на својот татко преку веб камера

6 април, 20110
11

Вистинска трагедија се случила во Шпанија каде едно растроено момче си ја убило својата трудна девојка и нејзиниот леш му го покажал на татко и преку веб камера.
Дорел Маркуа бил веднаш уапсен од полицијата, откако неговиот татко кој живее во Романија со сопругата, ја известил романската полиција за тоа што му покажал синот преку интернет. Шпанската полиција го сомничи Дорел за убиство на неговата 19 годишна трудна девојка.
“Не можам да верувам што направи. Го прашав, што направи ? Тој ми одговори, ја убив својата жена. Тогаш повторно го прашав дали го направил тоа навистина и тој потврди. Побарав да ми го покаже телото и тој го довлечка и ми го покажа преку Интернет“, изјавил потресениот татко на момчето.
Откако таткото ја повикал романската полиција, тие веднаш ги исконтактирале шпанските колеги кои веднаш се упатиле кон станот на момчето во кој го пронашле Дорел и неговата мртва девојка.
Таткото на момчето бил многу загрижен што во станот за време на убиството биле и тригодишната ќерка на Дорел и 13 годишната сестра на неговата убиена девојка.
Дорел како причина за убиството го навел тоа што девојката сакала да го избрка и дека таа и нејзината сестра го нападнале кога дошол дома.
Тој не и се спротивставувал на полицијата, а досега немал никакво криминално досие.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi