Чарли Шин си снима пародија на сопствените интервјуа
6 април, 20110
![sheen snima parodii](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/04/sheen-snima-parodii-610x269.jpg)
Чарли Шин, откако беше исфрлен од серијата “Два и пол мажи” започа гостување по сите телевизиски емисии за да објасни зашто била прекината соработката и да си ги оправда своите постапки. Но, освен за тоа Чарли имал време и да си снима пародија на своите интервјуа. На едно од нив кое било снимано за ABC телевизијата, тој одговара на истите прашања поставени од новинарката Кејти Коурик. Видеото за многу кратко време е видено преку 470.000 пати, и најверојатно ќе биде следниот youtube хит.