Атомиумот во Брисел

popara21 јули, 20111min00
atomium-brussels-belgium-main

Организаторите на Светската изложба од 1958 година во Брисел, сонуваа за некаква градба која би била “како круна на Светската изложба и симбол на целокупното човештво“. Инженерот André Waterkeyn предложи нешто величествено: конструкција на девет атоми поврзани со еден основен кристал – а целата градба да го потполни просторот на паркот Лакен.

Претставниците на одборот беа воодушевени. Градбата наречена “Атомиум“, со своите 110 метри висина, челично-алуминиумска конструкција, стана сензација на Изложбата.

Откако заврши Изложбата во 1958 година, деветте кугли на Атомиумот, станаа знаменитост на Брисел. Овие кугли, дури ги засенија и “бриселските најстари градби“. Од далеку видливите кугли лебдат наоколу над главниот град на Белгија.

Огромниот сјај на куглите, се благодарение на 2 мм тенкиот електролитски алуминиумски слој. Навечер контурите на овие кугли се означени со многубројни сијалички. Атомиумот не е само од надвор привлечен туку е интересна и неговата внатрешност. Секоја од овие девет кугли има пречник од 20 метри. Скалилата кои се меѓу куглите се најдолги во цела Европа – барем вака тврдат Белгијанците. На највисоката кугла е сместен ресторан со прекрасна глетка кон градот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag