Аугенталер, Жирес и Блажевиќ нови кандидати за наследник на Јонуз

6 јули, 20110
FFM-vnatre

Иако завршија поголемиот дел од контактите и разговорите со потенцијалните наследници на досегашниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз, во ФФМ се најавени нови имиња кои се подготвени да го превземат кормилото на националниот тим.

Преку македонскиот интернационалец Саша Ќириќ кој живее и работи во Германија интерес за функцијата пројавил прославениот првотимец на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Клаус Аугенталер кој има и забележително тренерско педигре како асистент на Џовани Трапатони во Баерн Минхен потоа и тренер на оваа екипа. Покрај во Баерн Минхен, Аугенталер беше на клупата на Нирнберг, Баер Леверкузен, Волфсбург , Унтерахинг…

Повторно со голем интерес како и пред изборот на Мирсад Јонуз контактираше и легендарниот хрватски тренер и селектор, Ќиро Блажевиќ кој во моментов е селектор на Олимписката репрезентација на Кина…

Направени се и контакти со менаџерот на познатиот француски тренер, Алан Жирес кој во моментов е селектор на репрезентацијата на Мали и е подготвен да застане на селекторската функција по завршувањето на актуелниот квалификациски циклус, се вели во соопштението на официјалниот веб сајт на ФФМ. Жирес покрај бројните клубови со кои работел бил селектор уште и на селекциите на Грузија и Габон.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *