Обама: Се заканува хаос, доколку не намалиме со задолжување

6 јули, 20110
obama_lg
Американскиот претседател Барак Обама изјавил дека е потребно да се постигне договор со демократите и републиканците околу намалување на дефицитот и подигнување на лимитот за владино задолжување потенцирајќи дека не треба да се чека до последен момент, туку тоа да се направи во наредните две недели.
“Во досегашните преговори направен е напредок и верувам дека на видик е уште поголем, но не сакам да напоменувам дека претходно е потребно да се разрешат некои крупни разлики“, рекол Обама.
Тој додал дека тие разговори продолжуваат и дека ги повикал лидерите на двете партии да дојдат на средба во Белата куќа за да продолжат со преговорите за постигнување на конечен договор.
“Тоа не треба да се развлекува до последна секунда. Верувам дека ќе ни биде потребно во наредните две недели да постигнеме договор за намалување на дефицитот и зголемување на лимитот за задолжување на владата“, истакнал претседателот на САД.
Обама, исто така, изразил очекување дека сите во овие разговори пред вратите ќе остават ултиматумите и политичката реторика. Американскиот претседател предупредил дека се наближува втори август и доколку до тој рок не се повлечат лимитите, САД нема да биде во состојба да ги плаќа своите обврски  и дека се заканува можност светските финансиски пазари да се претворат во хаос.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi