Авион за оние кои не се плашат од летање

14 јуни, 20110
avionnaslovna

Компанијата “Airbus” во Лондон го претстави првиот транспарентен авион кој ќе ви го “отвори прозорот кон светот”.

Овој авион ќе може да превезува патници најверојатно до 2050 година, тврдат од “Airbus”.

Конструкторите планираат авионот да го поделат на две зони, едната бизнис, а другата, во задниот дел од авионот за одмор, со добро опремен бар.

Во авионот ќе има “ интелигентна “ кабина која ќе ги опушта патниците со помош на ароматерапија, светлина збогатена со витамини.

За сега не е познато како компанијата “Airbus” планира да произведе “кожа” на авионот која ќе пружи сила каде е потребно, ќе ја контролира температурата и ќе овозможува панорамски поглед на светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *