Пронајдена вакцина против дебелеење

14 јуни, 20110
vaccine-300

Научниците од Универзитетот Прото во Португалија се обидуваат да ја усовршат вакцината против дебелеење. Експерименталната вакцина, која ги блокира хормоните кои го регулираат апетитот и чувството за глад, веќе се тестирани на глувци.

Откога глувците ја добиле првата доза, почнале да јадат помалку храна, за 18%. По третата доза го намалиле внесот на храна повеќе од половина, а ефектот од вакцината траел повеќе од 2 месеци. Се претпоставува дека истиот третман ќе делува на луѓето за најмалку четири години.

Научниците предводени од докторката Маријана Монтеиро која резултатите од експериментот ги презентирала на конгрес во Америка и најавила дека наскоро ќе започне и со тестирање на луѓе.

Тајната е во незаразни вируси на кои е додаден хормонот грелин со надеж дека имунолошкиот систем на глувците ќе произведе антитела. Експериментот бил успешен, но некои од научниците не го прифатиле, без одредена доза на скептицизам.

Според нивното објаснување, во телото постојат многу сигнали кои го регулираат апетитот и потрошената енергија, па е нереално да се очекува дека вакцината која цели на само еден хормон, ќе има значаен резулатат кога ќе се примени кај луѓето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi