Австралија не дава поранешната љубовница на Стојановски да се врати во Македонија

12 мај, 20110
121122_ambasador_f
Судот во Австралија го одби барањето на Лидија Думбалоска, поранешна љубовница на македонскиот амбасадор во Австралија, Перо Стојановски, да ја напушти земјата и да допатува во Македонија, пишува весникот “Канбера Тајмс“, пренесува Нетпрес.
Думбалоска, обвинета за уцени и кражба во домот на Стојановски, побарала на шест недели да ја напушти земјата, со цел да ја посети својата болна мајка во Македонија, но судот го одбил барањето со образложение дека е потребен доказ дека нејзината мајка навистина е болна. Имено, адвокатката на Лидија пред судот приложила документи на македонски јазик како доказ за болеста на мајката на нејзиниот клиент.
Меѓутоа, судијката Лорен Вокер рекла дека не знае да чита македонски и дека не можела да собере доволно докази и информации од документот.
Думбалоска е обвинета дека минатата година провалила во резиденцијата на македонската амбасада и го украла лап топ компјутерот на амбасадорот Перо Стојановски, а потоа му побарала 150.000 долари и 40.000 евра за да не објави доверливи информации кои се наоѓале во компјутерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi