Бошковски ќе оди во затвор ако не плати 1000 евра казна за клевета

12 мај, 20110
ljubeboskovski

Министерот за одбрана Зоран Коњановски го доби спорот во кој го тужеше Љубе Бошковски за клевета по изнесените тврдења дека министерот  непотребно потрошил  еден милион и петстотини илјади евра од Министерството за одбрана за расчистување на плажите во Преспанско.
Основниот суд во Ресен го осуди лидерот на Обединети за Македонија за клевета и му одреди 50 дневни глоби од 20 евра по што доколку не ги плати, истите присилно ќе бидат наплатени а по тоа ќе следи и казна затвор за Бошковски.
Бошковски не се појавил на ниту едно од трите рочишта закажани за случајот, а министерот Коњановски веднаш по поднесувањето на пријавата во декември изјави дека истата ќе биде можност Бошкоски пред јавноста да ја каже вистината за своите тврдења.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit