МЗТ Скопје или Работнички во големото финале?

12 мај, 20110
26927

Последниот натпревар од полуфиналната серија помеѓу вечните ривали МЗТ Скопје – Аеродром и Работнички, се игра вечерва во салата “Јане Сандански” со почеток во 20:00 часот, а реузултато во победи е 2-2. Тимот на МЗТ Скопје сега е во психичка предност откако Работнички не ја искористи предноста од 2-0 за да се пласира во финалето од разигрувањето за шампион на Македонија. Кошарккарите на МЗТ пред своите гледачи ќе се обидат да го искористат победнички ритам во кој се влезени и ќе се обидат да дојдат до посакуваното големо финале од Мак – баскетот, каде долги години го очекуваат во таборот на “Металците“.

Домашната задача за МЗТ нема да биде лесна. Гостин е Работнички, клуб кој има неколку многу искусни кошаркари и добил мајсторка во „Јане Сандански“ и тоа во финалето во 1999 година кога тренер беше Марин Докузовски. И вечерва Докузовски ќе седи на клупата, но не како главен тренер. Селекторот кој сезонава му го донесе Купот на Работнички најавуваше дека поради здравствени причини нема намера да го води тимот до крајот на сезонава, но навивачите го премислија.

Фени индустри го чека својот противник за финалето, во кое кавадарчани ќе имаат предност од 1-0 во победи против кого и да играат. На скопските екипи, и најголеми во мак-баскетот, не им е сеедно кој ќе се пласира во финалето. За еден од нив сезоната ќе заврши доцна вечерва.

Извор: Спортнет

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *