Австрија меѓу најбогатите во светот

1 јуни, 20110
vienna-austria-travel-guide

Австриската економија е меѓу најбогатите во светот, а Австрија сразмерно се наоѓа и по бројот на богати луѓе, покажал извештајот на Бостон консалтинг групацијата.

На 100.000 домаќинства, статистички гледано, има осум домаќинства кои поседуваат имот вреден повеќе од 100 милиони долари.

Австрија поради овој податок се наоѓа на петтото место од бројот на супер богати по глава на жител во светот, а пред неа се Саудиска Арабија, Швајцарија, Хонг Конг и Кувајт, се изнесува во извештајот на Бостон консалтинг групацијата.

Вкупно 297 од 3,5 милиони австриски домаќинства поседуваат имот вреден повеќе од 100 милиони долари. Лошо место единствено Австрија има завземено на ранг листата по прашањето на “обични“ милионери, каде се наоѓа на 15 место.

Во Австрија минатата година имало околу 37.000 доларски милионери, покажало истражувањето. Најмногу милионери има во Сингапур.

Богатството во светот, како и секогаш, па така и од оваа ранг листа, произлегува дека е нерамномерно распределено низ светот, бидејќи помалку од еден процент се т.н. “милионерски домаќинства“ кои располагаат со 39% од светското богатство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi