Австриската полиција разоткрила ужасен случај на инцест, а виновникот е 80-годишен старец, кој од 1970 година сексуално и физички ги малтретирал своите две ќерки, кои сега имаат 53 и 45 години.
Случајот бил откриен кога 80-годишниот старец во мај годинава, се обидел повторно да ја силува постара ќерка, на што таа се спротивставила и силно го турнала старецот, кој паднал и не можел да се подигне од земјата. Ќерките го оставиле старецот два дена да лежи на подот, пред да повикаат социјален работник, кој му помогнал.
Полицијата, за сега, не сакала да ги достави сите детали во врска со тоа како се расветлил овој случај.
Полицискиот командант Мартин Пумбергер изјавил дека двете жени се под шок, и дека моментално им се пружа нега.
Осомничениот во овој криминал, исто така, е отстранет од јавноста и му е пружена медицинска нега.
Старецот ги негирал сите обвиненија, соопштила полицијата, додавајќи дека понатаму за овој случај ќе одлучи државниот обвинител во Рид.
Во текот на сослушувањето, двете жени изјавиле дека нивниот татко во повеќе наврати им се заканувал дека ќе го убие со оружје. Тие заедно живееле во една соба и спиеле на дрвена клупа во кујната. Сите социјални контакти им биле забранети.
Старецот е обвинет и поради злоупотреба на неговата сопруга, која починала пред три години, сите три жени очигледно живееле во голем страв што никогаш не помислиле да повикаат полиција.