Бадемовото млеко е вкусно и здраво, а содржи само 60-90 калории по чаша. Полно е со витамин Е, моќен антиоксидант кој има улога за спречување на предвременото стареење. Освен овој витамин содржи и витамин Д, калциум, магнезиум, селен…
Бадемовото млеко е одличен извор на протеини и влакна. Нема холестерол и заситени масти како што има во кравјото млеко. Ова млеко не содржи лактоза и казеин.
Бадемовото млеко може да го направите сами. Една и пол шоља слатки бадеми прелијте ги со половина лажица ванилин шеќер и две и пол шољи вода и оставете ги цела ноќ. Утрото изблендирајте ги и процедете ја течноста.
Обрнете внимание на тоа бадемите да бидат слатки, бидејќи горчливите бадеми во комбинација со вода ослободуваат цијанид.