Генералното собрание на Обединетите нации по едногласната одлука на генералниот секретар на светската организација да му го довери вториот мандат, Бан Ки Мун положил заклетва на свечена церемонија одржана по тој повод.
На седницата била прочитана резолуција која на 17 јуни едногласно ја усвоил Советот за безбедност на ОН, во која Генералното собрание препорачува да биде именуван Бан Ки Мун за генерален секретар во втор мандат од први јануари 2012 година до 31 декември 2016 година.
Бидејќи претседателот на Советот за безбедност, амбасадорот Габон Емануел Исозе Нгонде ја прочитал препораката на тоа тело, а претседателот на Генералното собрание Јозеф Дајс ги повикал претставниците на 192 земји членки на светската организација да го потврдат изборот со акламација, така да околу изборот не се ни гласало.
Бан Ки Мун на чело на ОН е од први јануари 2007 година, а првиот мандат му истекува на 31 декември оваа година. Според правилата на светската организација, за првиот човек на ОН одлуката ја донесува Генералното собрание, на предлог на Советот за безбедност.
Актуелниот и иден генерален секретар на ОН, поранешен шеф на јужно корејската дипломатија, е осмиот челник на светската организација.
Извор: Нетпрес