Бегалци во БИХ се вселиле во вилата која им ја обезбеди Анџелина Џоли!

5 ноември, 20110
jolie

Тринаесет босански бегалци се вселиле во Вилата Анџелина, нова зграда во Рогатица која била изградена благодарение на американската актерка Џоли.

Новите станари во вилата со години живееле во кампови за бегалци, а властите во Рогатица со години барале решение за нивниот проблем.

Ситацијата се променила кога Џоли и Пит неколку пати ја посетиле земјата и оваа област и лобирале владата на САД да подари 500.000 долари за изградба на нови живеалишта за бегалците.

Анџелина Џоли како амбасадор на добра волја на УНХЦР наводно најмногу помогнала во лобирањето за изградба на овие домови.

Новите станови се целосно опремени и тоа е единствената зграда изградена во Рогатица по војната во Босна 1992-1995 година. Становите и припаѓаат на општината, но бегалците може да живеат во нив до крајот на животот.

„Огромно задоволство е да се биде тука, да се видат овие луѓе, нивната среча во новите домови во Вилата Анџелина“, изјавил за новинарите амбасадорот на САД во БИХ Патрик Мун, кој и самиот ја отвори двокатната зграда за бегалците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş