Бејл играч на сезоната во Премиер лигата

18 април, 20110
g

Асоциацијата на професионални фудбалери на Англија го прогласи Герет Бејл за играч на годината во Премиер лигата. Овој 21-годишен фудбалер на Тотенхем, стана четвртиот Велшанин по Јан Раш, Марк Хјуз и Рајан Гигс кој ја понесе оваа ласкава титула. “Кога ќе се види во каква конкуренција ја добив оваа награда, тогаш можам да кажам дека сум навистина почестен. Кога вашето име ќе се најде на листата на добитници на ова признание, тогаш навистина морате да бидете горди” изјави Бејл кој доби повеќе гласови од Чарли Адам, Самир Насри, Карлос Тевез, Немања Видич, Скот Паркер и Рафаел ван дер Варт. Бејл беше кандидат и за наградата најдоибар млад фудбалер во сезоната, но оваа награда отиде во рацете на Џек Вилшер од Арсенал. Останати кандидати за оваа награда беа, Нани, Хавиер Ернандес, Шимус Колман и Џо Харт. Во иделаниот тим на Премиер лигата за сезоната 2010/2011 се, Ван дер Сар, Сања, Кол, Видич и Компани, Нани, Насри, Вилшер, Бејл, Тевез и Бербатов.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi