Бекам и синовите на плажа! Ќе сурфаме тато?:)

popara29 август, 20111min00
3

Тие се едно од најпознатите семејства во светот и кога и да излезат во јавност го одвлекуваат вниманието на сите. Кој друг ако не Бекамови?

Вчера, папараците го фатија Дејвид Бекам како сурфа со своите синови, а медиумите дознаваат дека тие никогаш не ја оставаат на случајност својата безбедност. Постојано ги надгледува стража која е вооружена и постојано е со нив.

На сликите е Дејвид Бекам со своите синови, Бруклин, Ромео и Круз. Фудбалерот гордо ги слика своите синови како се обидуваат да сурфаат по плитката вода на плажата. Инаку, Дејвид Бекам сеуште го чува во форма своето супер-тело и овој пат го покажа во пар бели шорцеви.

Постариот син Бруклин сам си ја носи даската за сурфање, а Бекам ги влече останатите три. Откако завршиле со дневната авантура, тие се упатиле кон изнајмената куќа на плажата, која инаку е сопственост на режисерот Стивен Спилберг. На патот кон куќата, Дејвид потпиша и еден розев фудбал на едно девојче, негов голем фан.

Погледнете ги овие неколку слики и видете како Бекамови уживаат во секојдневието подалеку од притисоците на урбаната средина и постојаните обврски.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma