Белата куќа праќа божични честитки со НЛО

22 декември, 20110
1

НЛО ентузијаистот Мајкл Коен ви се обраќа во уште една „порака”. Овој пат наишол на снимка во која една жена ја опишува божиќната честитка која ја добила од Белата куќа.

Во краткото видео жената објаснува како се допишувала со Белата куќа и разменувала честитки, се додека не добила една многу необична на која имало слика од Белата куќа со необичен објект над неа.

Објектот изгледа како типична „летечка чинија”, а зошто одлучиле да ја пратат баш таа фотографија како честитка, не е познато. Некои претпоставки се тоа дека врвот на Америка се подготвува за голема вест со која ќе се најави доаѓањето на „ѕвездените деца”.

Можно е да се работи за суптилно предупредување, односно дека не смеат да кажат ништо конкретно, но затоа праќаат знакови кои ќе внесат мир во животот на оние кои сакаат да веруваат, а постојано наидуваат на игнорирање од страна на политичките елити.

Уште една можност е дека се работи за обична грешка или дамка на сликата, но во оваа теорија никој нема да поверува.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *