Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни, вчера изјавил дека американската администрација се уште размислува дали да ги објави језивите фотографии од мртвиот лидер на Ал Каеда, Осама Бин Ладен.
Белата куќа во меѓувреме соопштила дека Бин Ладен за време на ликвидацијата не бил вооружен и дека една од неговите жени била погодена во нога, за која се шпекулираше дека му служела како жив штит.