Белгија една година без влада

11 јуни, 20110
belgium55
Белгија во понеделник ќе одбележи една година без нова влада по последните парламентарни избори одржани на 13 јуни 2010 година, а разликите помеѓу Фламанците и Валонците  се толку големи да не може да се види крајот на рекордниот вакуум во власта, пишува “Бета“, пренесува НетПрес.
“Прв пат во историјата на Белгија, водечката политичка партија во земјата е една сепаратистичка партија, а станува збор за десничарска Неофламанска алијанса, која на изборите освоила 28,2 отсто од гласовите во Фландрија“, потсетува политикологот Венсан де Корбитер.
За прв пат исто така фламанските партии бараат постигнување договор околу преносот на поголеми овластувања на регионите, што бара двотретинско мнозинство во парламентот и тоа пред создавање на нова влада.
“Тоа значи дека треба да проговараме за преуредување на белгиската држава со партии за кои со право се смета дека сакаат исчезнување на Белгија“, оценил Де Корбитер сумирајќи ја тежината на предизвикот пред кој се наоѓа земјата.
Последната една година, тековните работи во владата ги извршува кабинетот во заминување на Ив Летерман и парадоксот да биде поголем, одлично се снаоѓа, бидејќи се подобрува финансиската состојба, земјата не е блокирана бидејќи на пример може да донесе одлука за испраќање авиони во Либија, а ни населението не чувствува дека на чело на земјата нема влада.
Извор: Нетпрес

<br>

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi