Од полноќ бензините поскапуваат за три денари по литар, дизелот и екстралесното гориво за 1, 5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница.
Цената на Еуросупер БС-95 од полноќ ќе изнесува 80,50 денари за литар, а на Еуросуперот БС-98 ќе изнесува 82,00 денари за литар, додека новата цена на дизелот ќе изнесува 71 денар за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 60 денари за литар, а малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,616 денари по килограм и ќе изнесува 42,908 денари за килограм.
Извор: Нетпрес