Бербатов бара состанок со челниците на Јунајтед

popara23 јуни, 20111min00
0

Бугарскиот напаѓач, Димитар Бербатов (30), првиот стрелец во Премиерлигата за изминатата сезона, побара состанок со челниците на Манчестер Јунајтед за да се реши прашањето околу неговиот статус во клубот. Иако со Карлос Тевез го подели првото место како најдобар стрелец во лигата, Бербатов не беше ниту на клупата за финалниот натпревар од Лигата на Шампионите кој Јунајтед го загуби со 3:1 од Барселона.

Откако менаџерот Сер Алекс Фергусон му ја соопшти веста дека нема да биде во тимот, Бугаринот одби да го гледа мечот од трибините и се чинеше дека разделбата ќе биде неизбежна. Страстите некако се смирија, но Бербатов и понатаму сака да знае каков му е статусот во клубот, со кој има договор на уште една година.

“Ќе знаеме нешто повеќе по состанокот, но Димитар посакува да остане на ‘Олд Трафорд’ и да продолжи да освојува трофеи” изјави за англиските медиуми неговиот агент Емил Данчев.

Интерес за бугарскиот репрезентативец покажаа ПСЖ, Баерн Минхен и Тотенхем, а англиските медиуми споменуваа дека Фергусон би можел да го искористи при евентуално доведување на Лука Модрич од Тотенхем.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma