Дојче Веле: Кризата пристигнува и во Италија?!

23 јуни, 20110
italian-flag-640
Претседателот на Еврогрупата Жан Клод Јункер предупредил дека грчката должничка криза би можела да прелее и во Италија. Имено, Италија после Грција има најголем долг во еврозоната и тоа 120 отсто од бруто домашниот производ, пишува “Дојче Веле“, пренесува НетПрес.
И покрај тоа, премиерот Силвио Берлускони смета дека неговата земја е далеку од грчка криза. “Убедени сме дека нема нови задолжувања. Владата нема да префрла трошоци од меѓународната криза на идните генерации, нашите деца нема да плаќаат за денешните проблеми“.
На американската агенција за кредитно вреднување “Муди“ таквите зборови не значат многу. Таа ги ставила под лупа италијанските компании во кои државата има удел во сопственоста. Минатиот петок испратиле и предупредување до Италија за намалената кредитна способност. Како причина за таквата одлука, агенцијата ги навела големите долгови и слабите шанси за економски раст.
Поранешниот европски комесар за внатрешни пазари и конкуренција Марио Монти смета дека за тоа директно била одговорна владата на Берлускони. “Не се испратени програми за економски раст, што била една голема стратешка грешка. Тоа сега се чувствува и на државниот буџет и ја спречува можноста за се намалат даноците“.
Шефот на Италијанската централна банка Марио Драги предупредува од таква политика велејќи дека “Трајното намалување на трошоците не е избор во сите области. Таквите мерки би го забавиле и така слабиот раст“.
Марио Драги како иден шеф на европската централна банка ќе мора да внимава неговата земја да не се разболи од грчката грозница. Такво сценарио е тешко и да се замисли. Италија е треба по големина земја во евро зоната. Италијанската должничка криза за евро зоната би била нерешлив проблем.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi