Берлускони е најбогатиот политичар во Италија

29 март, 20110
silvio_berlusconi

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони е најбогатиот италијански политичар, утврдeно е врз основа на данокот што тој го пријавил за 2010 година, што е јавно објавен денес во Италија.

Како што соопштува агенцијата “Франс прес“, Берлускони за 2010 година пријавил приходи од вкупно 40.89 милиони евра, додека неговата заработка од минатата година била 23.5 милиони евра.

Од останатите италијански политичари, на второ место по висината на приходите бил некогашниот соработник на Берлускони, а сегашен ривал, претседателот на Пратеничкиот дом на италијанскиот парламент Џанфранко Фини кој пријавил заработка од вкупно 186.563 евра.

Третото место по висина на приходите меѓу политичарите во Италија го заземал лидерот на италијанските центристи, Франческо Рутели, со приходи од 182.000 евра.

Меѓу претставниците на италијанската опозиција, меѓу најбогатите е претседателот на Демократската партија, Луиџи Берсани кој за 2010 година пријавил данок од 137.000 евра.

Според листата на “Форбс“ на најбогатите Италијанци кој беше објавен на почетокот на месецов, Берлускони во Италија е третиот најбогат човек чие богатство е проценето на 7.8 милијарди долари.

Според листата, најбогатиот Италијанец е сопственикот на компанијата “Нутела“, Мишел Фереро, чие богатство се проценува на 18 милијарди долари, додека на второто место е сопственикот на компанијата “Луксотик“, Леонардо Дел Векио кој заработил 11 милијарди долари.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi