Берлускони: Интер може да се подготвува за следната сезона

19 април, 20110
t

Преседателот на Милан, Силвио Берлускони ужива во првото место и големата бодовна разлика во однос на најлутиот ривал. Тој им порача да почнат да се подготвуваат за новата сезона и дека е дојден крајот на нивната доминација. Милан е многу далеку пред Интер на табелата во Серија А, но се уште теоретски ја немаат обезбедено титулата во Италија, бидејќи има уште пет кола до крајот на сезоната. Сепак, Берлускони тоа не го загрижува и започна да фрла ‘отровни стрели’ кон најголемиот ривал. “Бевте одлични. Тројната круна беше историско достигнување и Мурињо беше одличен. Но сега ние сме победниците. Минатата година и ние бевме заслужни за успехот на Интер. Доста беше” изјави Берлускони. Берлускони ги прокоментира и својте 25 години во клубот. “Кога видов дека Милан оди кон Серија Б, си ветив себеси дека од тој клуб ќе направам да биде најдобар на светот” накратко истакна премиерот на Италија.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi