Берлускони не се откажува, ги пресели “бунга – бунга“ забавите од куќата во вила

6 јуни, 20110
with-berlusconi_1449807i

Силвио Берлускони, и покрај тоа што се наоѓа на суд поради плаќање на малолетничка за сексуални услуги, и понатаму не се откажува од “бунга – бунга“ забавите.

Италијанскиот премиер, се верува дека ги преместил забавите од својот дом во Аркор покрај Милано, во вилата Гернето, која е оддалечена неколку километри од неговиот дом.

Да потсетиме, Берлускони е обвинет дека со накит и пари плаќал за секс со девојките на неговите забави, вклучувајќи ја и тогаш 17 годишната Карима Ел Махруг или попозната како Руби, што се смета за проституција.

Тој исто така е обвинет и за злоупотреба на положбата и овластувањата поради нејзиното ослободување од полициски притвор поради обвинение за кражба.

Дека Берлускони ги преместил своите забави во вилата Генето, потврдено е од темелните снимки и телефонските повици за истрагата поврзана со сосема друг случај, поврзана со затајувањето на данок за кој е осомничен шефот на тимот на Формула 1, Флавио Бриаторе.

Тие снимки, како и другите досега, излегоа во јавност а ги објавија италијанските весници, а се работи за разговорите на Бријаторе со неговите пријатели.

Адвокатот на Берлускони, Николо Гедини во име на својот клиент ги отфрли најновите наводи како неосновани. Тој изјавил дека Берлускони во вилата Гернето одржувал само важни политички состаноци.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber