Берлускони се јавил во емисија во живо и го навредувал водителот

25 јануари, 20110
Berlusconi address

На контроверзниот италијански премиер Силвио Берлускони не му се допаднала емисијата во која тема била неговото плаќање на проститутките за секс па се јавил во живо и го навредувал водителот на шоуто. Берлускони на водителот Гад Лернер му рекол дека води “телевизиски бордел“. По двоминутното навредување, Берлускони без поздрав го прекинал разговорот. “Ја гледам вашата одвратна емисија“, рекол Берлускони кога се јавил додавајќи дека таа емисија е вредна за презир и одбивање, по што бил прекинат од водителот.“Добро, сега веќе доволно не навредивте“, рекол Лернер. Расправијата помеѓу Берлускони и Лернер продолжила, а Берлускони побарал од Ива Заничи, членка на Европскиот парламент, да си оди од емисијата. Тогаш водителот го замолил да се смири. “Ве молам да внимавате на тонот со кој говорите“, му рекол Лернер на што Берлускони ја спуштил слушалката.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi