Берни Еклстоун: За големите трошоци направени за свадбата на Петра дознав многу касно!? Ајде бе старо за твојата ќеркичка се направени:)))

popara12 ноември, 20111min00
Bernie+Ecclestone+Petra+Ecclestone+Form+Launch+8EYrum6OmCHl

Берни Еклстоун се пожали дека неговата поранешна сопруга Славица потрошила повеќе од 12 милиони фунти на венчањето на нивната ќерка Петра. Берни таа информација ја даде вчера на судот во Германија, каде сведочеше како сведок во една од најголемите корпорациски афери во Германија. Осумдесет и едно годишниот претседател на Формула 1 изјавил дека не знаел колку пари Славица потрошила на раскошната свадба на нивната ќерка.

Во пописот на трошоците влегува и скапоценото вино Chateau Petrus, кое вреди околу 4000 фунти по флаша. Екстравагантната свадба вклучувала и Кралска филхармонија, како и познатата груша Black Eyed Peace. Еклстоун е под истрага на германските власти поради признанието за давање мито од 44 милиони долари. Му се суди на Герхарт Грибовски, кој е осуден за неплаќање на данок и земање на мито од Берни при продажбата на акциите на Bayerische Landesbank во приватната фирма на Формула 1, CVC.

„Мојата млада ќерка организирала свадба, а како татко на невестата сметав дека сам треба да ја платам свадбата. Но, кога сфатив колку потрошиле само на пиење, мислев дека тоа е апсурд. Мојата сопруга потрошила околу 12 милиони фунти, а јас за тоа дознав кога заврши се”, изјавил Берни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag