Целулитот е непријател број еден на секоја жена. Особено во лето, кога треба да одиме на плажа. Има многу препарати кои гарантираат исчезнување… но, ништо од тоа.
Можеби треба да пробате со нешто поедноставно. Еве неколку совети како да го загубите целулитот, или барем делумно за само еден ден.
Наутро, станете порано од вообичаеното и направете вежби, исчекор е најдобар за целулитот.
Потоа пије многу вода наутро, додека се спремате дома испијте 1 литро вода.
Појадокот нека биде ананас или грејпфрут.
Ручекот нека ви се состои од зеленчук и белковини. Може да испиете и една чаша јогурт. По 19 часот не внесувајте ништо друго освен вода.
Масирајте се со крема која содржи кофеин. И тоа два пати, еднаш наутро еднаш навечер. Движењата нека бидат брзи и груби.
Туширајте се со ладна, па топла вода. Тоа е одлично за циркулација која е потребна за топење на масните наслаги.