Без кафе, животот не би бил ист!

20 јануари, 20110
biji-kopi

Без разлика на тоа што пиете – еспресо, инстант, со млеко, пена, или турско, живот без него сигурно нема да биде ист. Кој прв дојде до плодовите на овој скусен напиток? Историскиот настан, наводно, се одржал во Етиопија, каде што овчарот забележал дека козите јаделе чудни плодови. Тогаш и тој пробал од него, па одтогаш кафето ја почна својата историја. Најпрво плодовите биле користени како средство за концентрација, внимателност а околу 1400-та година почнале да го печат и да го мелат и да го подготвуваат како пијалок. Брзо станало популарно во арапскиот свет, а потоа со огромна брзина се пренесе и во Европа и Америка, поточно околу 1600-та година. Денес, секое кафе е уникатно и може да се идентификува со географска поставеност, исто како виното. Кафе денес има речиси насекаде. Тоа апсорбира мириси од околината, па затоа е исклучително важно како се собира, конзервира, пакува и складира. Во англискиот јазик, кафето често се нарекува Јава, според најголемиот индонезиски остров. Јава, всушност, е голем производител на кафе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi