Без памет! Сакал со киселина да си ги извади тетоважите и од лош да стане добар! Ццццц…

1 ноември, 20110
newww

Американецот Брајон Виндер, поранешен лидер на банда која ја промовирала супериорноста на белата раса, бил закоравен расист, бил подложен на ласерска интервенција за да од лицето ги трге сите расистички тетоважи кои ги имал направено  и да почне нов живот.

Неговото искуство го забележале камерите во еден документарец наречен „Бришење на омразата“.

Брајон бил активиста во една од најозлогласените расистички организации во САД, а своите такви уверувања ги покажувал и со своите тетоважи кои ги имале на секаде по телото.

На черепот има кукаст крст, зборови крв и чест, на стомакот рајх, а на зглобовите на шаките стоеле зборовите омраза. Во 2006 година се оженил и полека почнал да ги  менува своите убедувања. Него го надвладеала желбата за нормално семејство. Брајон ги запалил сите работи кои го врзувале за минатото и решил да оди на отстранување на тетоважите.

„Ова го направив само поради семејството, поради синот. Во еден момент бев толку очаен што бев спремен да си ја ставам главата во киселина“, изјавил Брајон.

На него му помогнала една организација која одвоила  35 илјади долари за да може со помош на ласерски операции Брајон да ги отстрани тетоважите.  Оваа задача ја прфатил доктор Брус Шек од одделот за пластична хирургија во Нешвил.

Брајон прв пат заминал на операција на 22 јуни 2009 година, а последната била на 22 октомври 2010 година. Денеска тој страда од мигрена и не смее да излегува на сонце.

„Ова е мала цена за да можам повторно да се чувствувам како човечко суштество“, изјавил Брајон.

httpv://www.youtube.com/watch?v=hkUXTiiIcFM

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi