Документарецот за тинејџерската поп сензација Џастин Бибер, заработи повеќе од документарецот за Мајкл Џексон во САД. Но, сепак на светските благајни филмот за починатиот крал на поп музиката е пред филмот за младиот Бибер. Филмот за Џастин Бибер кој почна да се емитува пред шест недели, досега има заработено 72,2 милиони долари во САД, додека филмот за Џеко во САД заработи 72,1 милиони долари. Но на глобално ниво, филмот за Џеко и понатаму останува недостижен со заработка од 189.1 милиони долари.