Бидете сам свој масер

popara13 јули, 20111min00
selfmassage

Одењето на масажа е радост за нашето тело и душа, но доколку не сте подготвени за таков трошок, можете да се масирате сами, и тоа секојдневно.

Секогаш кога ќе завршите со туширање, со кружни движења нанесете млеко за тело, масло или лосион по целото тело. Особено задржете се на вратот и рамениците, бидејќи тие места страдаат од најголем притисок во текот на денот.

Стомакот, грбот и бутовите масирајте ги со раширени раце, кружни движења во насока на стрелките на часовникот. Самомасажата секогаш можете да ја правите по инстинкт или како што најмногу ви одговара, но еве неколку насоки доколку не сте сигурни што треба да правите.

Раменици

Вратот масирајте го од рамениците кон брадата, а потоа нагоре. И целото тело се масира така што движењата секогаш треба да бидат насочени кон срцето. Всушност, масажата треба да ја започнете од рамениците, бидејќи тие се најзагрозени, но таа одлука ја оставаме на вас.

Фатете го десното рамо со десната рака. Со кружни движења на раката, лесно масирајте кон вратот, следејќи на природната линија на телото. Вратете се кон рамото. Повторете најмалку три пати, секој пат зголемувајте го притисокот. Потоа обидете се со левата рака.

Добро измасирајте го коренот на вратот. Истовремено, со двете раце. Одете кон врвот на главата, потоа вратете се на грбот, до најниската точка што можете да ја допрете.

Со десната рака масирајте го левото рамо,потоа кон грбот, па вратете се кон предната страна до градите. Повторете и со левата рака и десното рамо.

Важно е да притискате доволно, но не пресилно. Следете го вашето тело, посебно задржете се на оние места каде што чувствувате болка.

Нозе

Многу е важно добро да ги измасирате нозете, без разлика дали се занимавате со спорт или не. Масажата на нозете може да ви ги намали болките предизвикани од предолго стоење, одење и да им помогне на мускулите да се опорават. Со редовна масажа ќе го ублажите постоечкиот и ќе ја спречите појавата на нов целулит.

Легнете удобно на креветот. Главата и вратот можете да ги потпрете на перница. Подигнете ја ногата и свиткајте го коленото. Започнете со благи допири на бутовите, потоа масирајте го коленото, па продолжете до стопалото. Повторете пет пати.

Посветете се на бутовите. Фатете ја кожата со палецот и показалецот како да ќе се штипнете, потоа пуштете. Со ритмички движења фати-пушти поминете го целито бут. Ова е навистина добро за подобрување на тонусот на мускулите и целулитот.

Ногата над коленото фатете ја со двете раце и доближете ги плаците и показалците колку што е можно повеќе. Повлечете ги кон врвот на бутот, нека се лизгаат по кожата, потоа со истото движење вратете ги рацете назад до глуждот, па пак до коленото. Повторете три пати.

Стапала

Во принцип, стапалата се лесни за масирање, а користа ќе ја почувствувате на целото тело. Можете да ги масирате и кога ќе легнете, додека гледате филм или читате книга. Добрата масажа на стапалата може да ве ослободи од главоболка, проблеми со желудникот, подуеност, болки во вратот и грбот.

Едната рака ставете ја под, а другата над стапалата. Со кружни движења лизгајте по средина на стапалата, од прстите до петите. Повторете го ова десетина пати.

Со кружни движења на палецот и показалецот поминете го целото стапало (со показалецот табаните, со палецот горната страна).

Дланки

Со лесно притискање со палецот од другата рака, измасирајте го секој дел од дланката. Почнете од малиот прст. Со лесни кружни движења масирајте ги зглобовите и спуштајте се надолу кон дланката. Истото повторете го со сите прсти, па измасирајте го остатокот од дланката, особено делот околу коренот на палецот.

Лице

Кога се миете и нанесувате крем за лице, задолжително измасирајте се нежно. Движењата треба да бидат кружни и нежни – не затегајте ја кожата, не притискајте и не штипете ја. Со благ притисок на палците поминете преку слепочниците, а останатите прсти употребете ги за нежно масирање на делот под очите и образите.

Всушност, овде не постои голема филозофија – масирајте ги оние делови од телото што ве болат, во кои чувствувате напнатост, онака како што и кога ви одговара.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag