Бијонсе во моментов е сконцентрирана на својот албум, поточно на неговата промоција. Со цела енергија и љубов таа се посвети на овој албум.
Но, на ова претходеше кратката пауза на Бијонсе. Таа сега ги откри причините заради кои ја направи паузата во својата музичка кариера.
Бев на работ на лудило. Не знаев кој ден е, во кој град се наоѓам, бев потполно изгубена. Се плашев за моето психичко здравје. Го послушав советот на мајка ми и се повлеков. Тој одмор добро ми дојде. Им посветив внимание на моите пријатели, бев на балет, во музеи, го посетив Кинескиот ѕид, направив многу работи кои дотогаш не успеав да ги направам. Ми требаше таков одмор, за сега да имам енергија повторно да се вратам на сцената, изјавила Бијонсе.