Бијонсе повторно на насловна :) па нема “валјда“ тетка Лепа комшивката од први :)

17 август, 20110
beyonce-naslovna

Во последните девет месеци Бијонсе се повлече од турнеите, но ѕвездата повторно се врати и е “пожешка“ од кога било на насловната страна на септемвриското издание на списанието  InStyle.

“Беше прекрасно да се биде сопруга и да патувам со мојот сопруг Џеј Зи. Морав да одбијам многу добри работи, но го направив тоа за мојот живот, моите врски, мојот внук, сопруг, мојата сестра и моите пријателства. Заслужив да си дадам време да се фокусирам на други работи освен изведби и снимање“ – изјави Бијонсе за списанието.

Слободното време дефинитивно и делува одлично, бидејќи таа изгледа подобро од кога и да е и целосно ослободена од стресот, облечена во Dolce & Gabbana фустан специјално за насловната страна.

“Во слободното време сакам да не правам ништо, само да седам на креветот и да гледам телевизија. Морам да признаам дека задоволство ми прави гледањето на Џерси Шор“.

Мулти-талентираната музичарка ќе го прослави својот 30-ти роденден на 4-ти септември. “Јас сум сега жена, и бидејќи дадов сè, сега можам да се фокусирам на мојот брак. Можам да одлучам дека сакам да имам деца. Можам да бидам мајка која ќе се посвети на своите деца“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit