Израелските воздухопловни сили бомбардирале еден тунел во појасот Газа, откако една мина и ракета биле испукани од палестинската територија на југот на Израел.
Израелската армија соопштила дека тунелот го користеле терористички организации во појасот Газа за да се префрлат во Израел и да изведуваат напади на војници и израелски граѓани.
Извештај за жртви во најновата израелска одмазда немало.
Исламистичкиот Хамас владее со појасот Газа од јуни 2007 година, кога на сила ја презеле контролата од силите на локалните и умерени Фатах.
Насилството во газа ескалирало претходно во март, кога припадници на Хамас пукале преку границата на израелски училишен автобус кој фатално ранил еден тинејџер.
Израел одговорил со воздушни и копнени удари во кои загинале 19 палестинци.