Боранија – малку калории, многу здравје

17 август, 20110
boranija

Боранија е идеална за здравата исхрана, бидејќи таа е богата со хранливи материи, а има многу малку калории. Иако може да се јаде на различни начини, тајната на уживање во нејзиниот вкус е во соодветната подготовка.

Основни карактеристики

Достапност: во текот на целата годината

Чување во фрижидер: да

Рок на траење: 7 дена во фрижидер

Подготовка: 5 минути

Најдобар начин да се подготви: на пареа

Боранијата е еден од неколкуте видови на мешункасти растенија што може да се консумира свежо. Таа е многу вкусна и може да се јаде на различни начини – како гарнир, како дел од мешана салата со друг вид на  зеленчук. Соодветна подготовка е клучот за уживање во неа. Многу домаќинки грешат при подготовка на боранијата. Затоа, со цел да се подготви вкусен оброк од боранија, потребно е истата да се вари само 5 минути по можност на пареа. На тој начин ќе се задржи хранливата вредност и ќе се добие вистинскиот вкус на боранијата.

Зошто боранијата мора да биде составен дел од здравиот начин на исхрана?

Боранијата содржи високи концентрации на  фитонутритиенти, каротеноиди, лутеин и зеаксантин, кои имаат анти – воспалителни својства . Богата со витамин К –  клучен за правилна коскена минерализација, и витамини А и Ц кои обезбедуваат моќна антиоксидациона заштита. Боранијата содржи идеални состојки за здрав начин на исхрана, бидејќи е богата со хранливи материи, а во исто време е и нискокалорична. Една чаша варена боранија има само 44 калории. Боранијата е богата со оксалатин, материја која  може да биде проблематична за луѓето кои имаат проблеми со бубрезите.

Се препорачува да не се купува пакувана боранија. При избор на квалитетна боранија потребно е да знаете дека таа треба да биде тврда, со мазна површина, кисело – зелена боја и при кршење да се чуе пукање. Се препорачува при изборот да се одбираат слични по големина парчиња за да готвењето биде рамномерно. Како и со сите видови на зеленчук, и за боранијата се препорачува да е  органски одгледувана. Избегнувајте ги оние со кафени дамки, пожолтени и меки на допир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi