Бошковски открива детали за хашкото пријателство со Милошевиќ

12 април, 20110
-

Ноќ пред смртта, Слободан Милошевиќ плачеше над цртежите на својот внук Марко во ќелијата во Хаг, сведочи поранешниот министер за внатрешни работи на Македонија Љубе Бошковски, кој во тоа време беше негов затворски колега, во интервју за “Вечерни лист“.

Поранешниот македонски министер, на кого му се судеше за наводни злочини над албанските цивили во 2001 година, бил последната личност со која Милошевиќ разговарал вечерта пред неговата смрт.

“Ме повика во својата ќелија, а јас не бев нешто посебно расположен. Тоа беше околу  часот. Ми покажуваше цртежи кои ги цртал неговиот внук Марко, кој со својата мајка Милица, снаа на Милошевиќ, биле единствените кои го посетувале во затворот. Не ги виде веќе неколку месеци и едвај чекаше повторно да ги види. Беше тажен, погледот му беше отсутен додека ја гледаше сликата на која пишуваше: “за драгиот дедо“, сведочи Бошковски за последната средба со Милошевиќ.

Милошевиќ, вели Бошковски, особено го памти по српските специјалитети кои ги подготвувал во затворската кујна.

“Милошевиќ правеше вкусни српски специјалитети, како палентата со сланина, која навистина беше прекрасна“, се сеќава Бошковски додавајќи дека постојано се потсетува на пријателството со Милошевиќ.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi