Фергусон: Абрамович е опседнат со титулата во Лигата на Шампионите

12 април, 20110
11111

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон проговори за опседнатоста на Роман Абрамович со европската титула. Тој од лично искуство знае што носи тој терет. “Јас таа опсесија ја имав долго време по поразот од Дортмунд во полуфиналето во 1997-та година, помислив дека никогаш нема да ја освојам таа титула. Сеуште не знам како не успеавме да дојдеме до тоа финале” се потсетува шкотскиот стратег. Ферги изјави дека трошењето на пари ова зимо од страна на Челзи е потврда за желбата и опсесијата на Роман Абрамович. “Зошто го купија Фернандо Торес во јануари? Немам дилема околу тоа. Но кога сте опседната со освојување на европската титула тоа вас може да ве одалечи од целта. Тоа е одлично натпреварување и многу тежко за освојување. Сите најдобри тимови се тука. Погледајте ја формата на Барселона, тоа е фантастично” изјави Фергусон. Шкотскиот стратег се осврна на потенцијалното полуфинале. “По се изгледа ќе биде полуфинале помеѓу реал Мадрид и Барселона. Замислите каков меч ќе биде тоа” очекува голем меч одличниот менаџер на Манчестер Јунајтед.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi