Божиќната парада низ Дизниевите паркови во САД

21 декември, 20110
7

Наближува Католичкиот Божиќ, а со тоа и настаните кои го одбележуваат Христовото раѓање. Традиционално, низ повеќето паркови на Волт Дизни во САД, се одржува Божиќна парада на која учествуваат светски музички ѕвезди, се организираат невидени спектакли, но сето тоа е во сенка поради големата раздвиженост на Дизниевите Јунаци кои тој ден се некако посебно инспирирани и заедно со толпата луѓе се радуваат.

Ако сакате да бидете дел од „приватната забава“ на Мики и Мини Маус, Пајо Паторот,  или ако сакате да скандирате на некоја од принцезите како Пепелашка, Снежана, Ариел, Анастасија, кои се само дел од целосното шоу кое ги вклучува сите Ваши омилени анимирани ликови- разгледајте што се случува на оваа прекрасна парада, а ако имате шанси задолжително внесете ја во Вашата агенда.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma